Skip to main content

УХМР

Денес дождливо и ветровито

Денес во Охрид температурите од 6 до 11 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Денес во Охрид температурите од 6 до 11 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до четврток ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, а денес и утре и појава на грмежи. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови каде во текот на овој период ќе наврнат над 30 l/m². Дневната температура ќе биде во опаѓање, а во четврток и петок утринската наместа ќе се спушти и под нулата. Ќе дува северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен.