Skip to main content

Денес е првиот ден на мрест на охридската пастрмка

Денес е првиот ден на мрест на охридската пастрмка.

 |  Валентина Неловска  | 
mrest

Утрово, започна  мрестот на Охридскaта пастрмка.  Вообичаено, мрестот на пастрмката стартува на 21 –ви јануари и трае до 30 март. Од хидробиолошкиот институт кој го вршат ловот на пaстрмката за собирање икра за вештачкиот мрест не откриваат каков бил денешениот старт. Почнувајќи од 25 декември па се до крајот на месец март трае  забраната за лов на пастрмката позната како татиљ. Тоа е период кога ендемичната Охридска пастрмка  од длабочината на езерото доаѓа кон брегот за природно да се  мрести.  Од  Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство годинава за вештачкото порибување  на Охридското езеро издвоиле 10 милиони денари. Има неколку баратели од репродуктивни центри и во тек е постапката за потпишување на договорот, информираат од ресорното министерство.

mrestМинатата година за потребите на мрестот биле   уловени  и повторно вратени во Охридското Езеро над две илјади килограми охридска пастрмка. Добар показател за враќање на пастрмката во водите на езерото биле  матиците уловени пред неколку години кои повторно дошле на мрест,  информираа од Хидробиолошкиот институт.

Благодарение на одличната физичка заштита  од страна на рибочуварите и соработката со надлежните институции вештачкиот мрест на охридската пастрмка во 2015 година бил еден од најуспешните  во последната деценија, обелодени концесионерот „ Пастрмка 2012“. Од нивното учество во вешатчкиот мрест во последните три години успеале во 2015  година да соберат 2,5 милиони зрна икра. Од нив 2,1  на охридскиот, а остатокот на струшкиот дел од езерото. Oчекуваат оваа количина да се собере и оваа година. За споредба во 2011 година  мрестот на охридската пастрмка завршил со околу 2 милиони собрана икра и 5 милиони денари пари за таа намена од ресорното министерство.

pastrmkaМинатата година според концесионерот „Пастрмка 2012“ за прв пат после долги години и децении биле забележани големи јата на млад крап во Охридското Езеро. Имало и значително зголемување на рибниот фонд и на белвицата.  После 20 години било обновено и плодиштето на плашицата во Пештани  и успеале да ја вратат оваа риба во својата природна средина.