Skip to main content

Денес хуманитарна акција: предновогодишна едукативно забавна прошетка со брод

Црвен крст Охрид ќе реализира предновогодишна едукативно-забавна прошетка со брод за преку 30 дечиња кои до сега немале можност да се возат со брод по Охридското Eзеро.
 |  инфодеск  | 

Во овој РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ, месец на дарување, уште една хуманитарна акција на Црвен крст Охрид. Во соработка со Општина Охрид, а со поддршка на Елена Лотеска Наумоска, сопственик на бродот Армада, Црвен крст Охрид ќе реализира предновогодишна едукативно-забавна прошетка со брод за преку 30 дечиња, охриѓанчиња, кои до сега немале можност да се возат со брод по Охридското Eзеро.

Бродот Армада со дечињата придружувани од своите родители, волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид, Дедо Мраз, туристички водич, тим на спасители на вода и медицински тим на Црвен крст Охрид, ќе ја започне оваа интересна пловидба денес во 11 часот од Градското пристаниште во Охрид, информираат од Црвен крст Охрид.

Прошетката ќе трае половина час.