Skip to main content

свр охрид

Денес и утре на дел од просторот на комплексот „Св.Наум” Армијата ќе одржи тактичко-технички активности

Припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро кај комплексот „Св.Наум”, ќе употребат атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема.
 |  инфодеск  | 

Денеска (31.07.2024) од 11 до 14 часот и утре (01.08.2024) од 12 до 14 часот, на дел од просторот на комплексот „Св.Наум” во Охрид, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички активности. Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро кај комплексот „Св.Наум”, ќе употребат атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема. Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на Полициската станица Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро”.


Апелираме до граѓаните да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој настан, велат од СВР Охрид.