Skip to main content

Факултет за Туризам и Угостителство – Охрид

Денес и утре на ФТУ ќе се одржи гастрономско-едукативен настан

Овој настан на локалната гастрономска сцена ги носи познати имиња од светската и балканската гастрономија како Изток Легат (Словенија), Уве Мишел (Германија), Стево Карапанџа, Драгица Лукин (Хрватска), Дон Давид (Русија), Вуко Митровиќ (Црна Гора), Жељко Невен Бремец (Хрватска), Хамид Хаџиќ (БиХ) и Асан Даутовиќ (Македонија). Тие ќе одржат теоретски и мотивациони предавања за студентите и пошироката јавност.
 |  инфодеск  | 

Денес и утре Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, во соработка со македонската асоцијација на шефови на кујни Гастромак и Општина Охрид, организира гастрономско-едукативен настан.

Денес, со почеток во 13:00 часот, ќе се одржи пресконференција во амфитеатарот на факултетот на која ќе говорат:

– Г-ѓа Вања Тодоровска, портпарол на Гастромак,

– Доц. д-р Климент Наумов, раководител на катедрата по гастрономија при ФТУ-Охрид и

– Д-р. Кирил Пецаков, градоначалникот на Општина Охрид, главен подржувач на овој настан

Овој настан на локалната гастрономска сцена ги носи познати имиња од светската и балканската гастрономија  како Изток Легат (Словенија), Уве Мишел (Германија), Стево Карапанџа, Драгица Лукин (Хрватска), Дон Давид (Русија), Вуко Митровиќ (Црна Гора), Жељко Невен Бремец (Хрватска), Хамид Хаџиќ (БиХ) и Асан Даутовиќ (Македонија). Тие ќе одржат теоретски и мотивациони предавања за студентите и пошироката јавност, се вели во соопштението на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид.

Утре, шефовите Драгица Лукин и Жељко Невен Бремец ќе одржат целодневен мастер клас во кујната на факултетот, каде што ќе демонстрираат техники за подготовка на слаткарски специјалитети и традиционални јадења од јагнешко месо.