Skip to main content

УХМР

Денес и утре променливо облачно време, од недела затоплување

Денес минималните температури во Охрид од 4, а максималните до 11 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од дожд и снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Денес минималните температури во Охрид од 4, а максималните до 11 степени Целзиусови.

Од УХМР велат дека и утреќе се задржи променливо облачно време. Претежно во источните делови ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (наместа над 70 km/h). Од недела до средината на новата седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и значително потопло.