Skip to main content

Во среда и четврток заладување

Денес и утре сончево и топло

Утре, ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во среда времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни.
 |  инфодеск  | 
Охрид Канео

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Утре, ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во среда времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Поради продор на постудена воздушна маса од север, кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Во четврток ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (наместа и над 70 км/час), а дневната температура значително ќе се намали. Од петок и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и потопло.