УХМР
Денес и утре сончево, во недела нè очекува дожд и нестабилно време
Денес минималните температури во Охрид од 13, а максималните до 27 степени Целзиусови.

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Денес минималните температури во Охрид од 13, а максималните до 27 степени Целзиусови.
До сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.




