УИНТ „Св. Апостол Павле“
Денес и утре втор уписен рок на УИНТ „Св. Апостол Павле“
Кандидатите своите документи ќе може да ги поднесат од 8.00 до 16.00 часот во просториите на Универзитетот.

Вториот уписен рок за запишување на студенти на прв циклус на студиските програми на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид е на 16-ти и 17-ти септември 2024 год. (понеделник и вторник).
Кандидатите своите документи ќе може да ги поднесат од 8.00 до 16.00 часот во просториите на Универзитетот. Повеќе информации за уписот може да се најдат на веб страната www.uist.edu.mk и на социјалните медиуми на Универзитетот.




