Skip to main content

Црвен крст Охрид

Денес извлекување на наградите од хуманитарната акција „За посреќно детство“

Во овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ беа собрани 50.364 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за помош во лекување на деца од семејства во социјален ризик.
 |  инфодеск  | 

Денес со почеток во 19 часот ќе биде извршено извлекувањето на добитниците на 30 вредни награди од овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“.

Во соработка со Мега Продукција, извлекувањето на наградите ќе може да се следи во живо на линкот.

-Доколку биде извлечен бројот на вашето талонче, истото треба да го приложите во просториите на Црвен крст Охрид за да ја подигнете наградата. Во овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ беа собрани 50.364 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за помош во лекување на деца од семејства во социјален ризик, информираат од Црвен крст Охрид.