Денеска, 23 август (петок) со почеток од 19:30 ч., ќе се одржи свеченото доделување дипломи на матурантите од генерација 2023/2024 од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски”, во училишниот двор. На настанот ќе се обрати и заменик-градоначалничката на општина Охрид, Ана Крстеска, информираат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” и ги покануваат сите заинтересирани да присуствуваат на манифестацијата.