Денес ќе биде промовирана книгата „Вкоренет космополитизам, наследство и прашањето за припадност“
По повод Европските денови на културното наследство 2024, и одбележувањето на 70 години од усвојување на Европската културна конвенција (Париз 1954), Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид се приклучува кон одбележувањето со промоција на книга од Академик Проф Др Мигуел Џон Вершлаус со наслов „Вкоренет космополитизам, наследство и прашањето за припадност“ (Rooted Cosmopolitanism, Heritage and the Question of Belonging), која ќе биде промовирана од страна на Проф. д-р Сашо Коруновски во диалог со Амбасадорот Проф. д-р Љубен Тевдовски и М-р Горан Патчев.
Академик Проф. д-р Мигуел Џон Вершлаус е редовен професор и раководител на Катедрата за класична и медитеранска археологија, како и повеќегодишен директор на Докторските студии на Факултетот за археологија на Универзитетот Лајден.
Оваа книга ја истражува аналитичката и практичната вредност на поимот „вкоренет космополитизам“ за областа на културното наследство, велат од установата.
Промоцијата ќе се одвива во „Куќата на Робевци“ (ширван) на 19.09.2024 година (четврток) од 18 часот до 20 часот, во соработка со „Охридската Академија на Хуманизмот“ и „Институт за Културно Наследство и Археологија – Institute of Cultural Heritage and Archaeology (ICHA)“