Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне облачноста ќе се зголеми.
Минималните температури од 8 степени, а максималните до 24 степени Целзиусови.
Во понеделник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за појава на невреме. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање, информираат од УХМР.