Денес ќе се одржи предавање за кардиоваскуларните заболувања и нивната превенција кај пациентите со дијабетес
По повод светскиот ден на срцето, Здружението на дијабетичари во соработка со ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување у рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања од Охрид, организира предавање на кое пред присутните ќе говори Др. Јасмина Спасеска Јованоска.
На предавањето ќе има и претставници на Крка фарма ДООЕЛ од Скопје, кои со присутните ќе споделат совети и информативни материјали, а исто така ќе вршат и бесплатно мерење на холестеролен притисок, информираат од Здружението на дијабетичари.
Целта на овие активности е подигање на свеста за значењето на превенцијата и навременото откривање на покачениот крвен притисок и дислипидемијата, како два најзначајни ризик фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања. Настанот ќе се одржи денес во 11.00ч во општинската сала.