Skip to main content

Здружение ГРАЃАНСКИ ИНТЕГРИТЕТ Охрид

Денес ќе се одржи второто издание на ревијалниот настан „Вози велосипед, уживај и промовирај“

Настанот е поддржан од Општина Охрид и локалните бизниси, во соработка со СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Програмата вклучува практична обука, велосипедска тура низ градот и собирање донации.
 |  инфодеск  | 

Здружението „Граѓански Интегритет“ од Охрид, по повод Светскиот ден на велосипедизмот, денеска го организира второто издание на ревијалниот настан „Вози велосипед, уживај и промовирај“.

Истиот ќе се одржи од 11:30 часот во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид и има за цел промоција на здрави животни навики и општествена одговорност преку мобилна реклама на велосипеди и собирање средства за жртвите од неодамнешната трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Учеството е бесплатно и доброволно, а пријавувањето е отворено на следниот линк, информираат организаторите.

Настанот е поддржан од Општина Охрид и локалните бизниси, во соработка со СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Програмата вклучува практична обука, велосипедска тура низ градот и собирање донации.

За безбедноста на сите учесници, турата ќе биде придружувана од полициска придружба и екипа за прва помош на Црвен крст од Охрид.