Денес Општинската изборна комисија Охрид свечено ќе ги врачи уверенијата на избраните локални функционери во првиот круг на Локалните избори, кои се одржаа на 19ти октомври 2025 година.
Претседателот на Општинската изборна комисија ќе му го врачи Уверението на досегашниот градоначалник Кирил Пецаков, за претстојниот четиригодишен мандат. Ќе им бидат доделени и уверенијата на новоизбраните советници на Општина Охрид, по што ќе следи Конститутивна седница на новиот состав на Советот на Општина Охрид, која ќе се одржи во Големата сала на Општина Охрид. На седницата, според дневниот ред, ќе се изврши Избор на Комисија за верификација, избори и именувања, која ќе им ги верификува мандатите на членовите на Советот на општина Охрид и ќе биде избран нов претседател на советот.
Седницата ќе започне во 13 часот.