Skip to main content

Денес Охрид излегува на мирен протест против насилството врз жените и институционалното непостапување

Денес од 12 до 14 часот граѓаните на Охрид ќе маршираат од плоштадот до полицијата и судот.
 |  инфодеск  | 

Денес од 12:00 до 14:00 часот во Охрид ќе се одржи мирен граѓански протест против фемицидите, родово базираното и семејното насилство и, како што велат организаторите, против институционалното непостапување. објавен на социјалните мрежи. Повод за протестот се загриженоста и револтот поради насилството врз жените, особено по неодамнешниот случај со 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид, која беше тешко повредена во напад од нејзиниот партнер.

Организаторите повикуваат на прекин на молкот, поголема институционална одговорност и конкретни мерки за заштита на жените кои се жртви на насилство. Планирано е учесниците да тргнат од градскиот плоштад, да поминат низ Охридската чаршија и да продолжат до СВР Охрид, а потоа по булеварот „Македонски просветители“ до Основниот суд, каде што ќе заврши протестот.

„Бараме заштита, одговорност и конкретни промени. Не сакаме да чекаме да биде предоцна“, порачуваат организаторите во повикот за учество.

Протестот е граѓанска иницијатива и е најавен како мирен собир. Организаторите ги повикуваат сите граѓани да се приклучат и заеднички да испратат порака против насилството врз жените и неказнивоста.