Во рамки на програмата „За сите деца“ на Општина Охрид под мотото „Културата расте со децата“, вечерва е предвидено едно волшебно музичко-драмско доживување: „Хероите на градот“ – концерт исполнет со интерактивност, едукација и радост за најмладата популација.
На сцената ќе доминира класичната музика, внимателно адаптирана за најмладата публика, во изведба на Продукцијата ТРИАНГЛ: оперски пејачи, пијано, труба и мандолина.
-Подгответе се за концерт кој ги спојува уметноста и играта, каде музиката зборува на јазикот на детската фантазија, порачуваат организаторите.
Настанот започнува во 19 часот во Охрид мол.
