Со црковни церемонии викендов ќе биде востоличен новиот Митрополит на Дебарско – кичевската епархија Георгиј.
Денес, наречението на новоизбраниот архијереј Дебарско-кичевски, архимандритот Георгиј ќе се одржи во манастирот „Св. Климент Охридски и св. вмч. Пантелејмон“ на Плаошник, во Охрид, со почеток во 17 часот; а Божествена литургија со хиротонија и востоличување на новиот митрополит Георгиј утре во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 8:30 часот.