Skip to main content

УХМР

Денес низ целата земја претежно облачно со слаб локален дожд

Денес во Охрид температурите во интервал од 4 до 14 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Претежно облачно со слаб локален дожд низ целата земја и со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Денес во Охрид температурите во интервал од 4 до 14 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека за време на викендот и до средината на следната седмица, под влијание на поле на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време. Утре ќе дува умерен северен ветер, а во деновите потоа слаб до умерен ветер од југоисточен правец.