Претежно облачно, а во крајните северозападни делови со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во Охрид денес температурите ќе бидат во интервал од 5 до 12 степени Целзиусови.
Од УХМР информираат дека пообилни врнежи и услови за ретки грмежи ќе има во понеделник, врнежите ќе продолжат и во вторник до вечерните часови. Во среда претпладне ќе биде претежно сончево, а во попладневните часови облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта и во четврток, повторно ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.