Skip to main content

Денес официјално започнува реконструкцијата на западната трибина

Денес во 12 часот на Градскиот стадион ќе се одбележи официјалниот почеток на реконструкцијата на западната трибина.
 |  инфодеск  | 

Денес во 12 часот на Градскиот стадион ќе се одбележи официјалниот почеток на реконструкцијата на западната трибина. На настанот предвидено е да бидат присутни претставници на ФФМ и градоначалникот Кирил Пецаков.

За овој проект обезбедени се финансии од  ФФМ.  Ќе се обноват и јужната  и северната трибина  со финансии обезбедени од општина Охрид.

Проектот за изградба на новата западна трибина беше предаден од страна на ФФМ до Општина Охрид во октомври годинава.