Skip to main content

УХМР

Денес во Охрид времето ќе биде претежно облачно

Температурите во Охрид и денес во интервал од 3 до 9 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 
Облачно Охрид Форо Симјаноски

Претежно облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне во западните делови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Температурите во Охрид и денес во интервал од 3 до 9 степени Целзиусови.

Од УХМР велат дека под влијание на циклонска активност денес претпладне сеуште во источните делови ќе има слаби врнежи од дожд во пониските и дожд и снег на повисоките места и на планините. Попладне времето ќе се стабилизира, а утре кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Фото: Ѓоко Симјаноски