
Денес на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид во 14:30 ќе пристигне првиот лет од Истанбул до Охрид на авиокомпанијата Turkish Airlines.
На настанот ќе присуствуваат и премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски, Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски, Фатих Улусој, амбасадор на Република Турција во Република Македонија, Серкан Каптан, главен извршен директор на ТАВ Аеродроми и Билал Екси, главен извршен директор на Turkish Airlines.
Летовите на линијата Истанбул – Охрид ќе оперираат четири пати неделно, во понеделник, четврток, петок и недела. Турската авикомпанија за оваа линија ќе користи авиони „Ербас А321“, „Боинг 737-800“ и „Боинг 737-900“ од својата флота.