Skip to main content

ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид

Денес предавање за метеорологијата

Професор д-р Владо Спиридонов, редовен професор по метеорологија на Институтот за физика при ПМФ, во Гимназијата ќе одржи предавање за значењето на метеорологијата како научна гранка на физиката.
 |  инфодеск  | 

Од ОСУ „Св. Климент Охридски” информираат дека професор д-р Владо Спиридонов, редовен професор по метеорологија на Институтот за физика при ПМФ, во Гимназијата ќе одржи предавање за значењето на метеорологијата како научна гранка на физиката.

-Преку теми како моделирање на атмосферата, екстремни временски настани и нумерички симулации, тој ќе нè запознае со важноста на оваа област при соочување со климатските промени, додаваат во нивното соопштение.

Предавањето ќе се одржи денес, 13 март 2025 година (четврток) во 11 часот во Гимназијата “Св. Климент Охридски”- Охрид.