Претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Температурите во Охрид од 15 до 32 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе има вредност 9.
Од УХМР информираат дека под влијание на топла воздушна маса од југ, од денес до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.