Претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски и генералниот секретар Минчев денес на средба со охриѓани

Претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски и генералниот секретар на партијата, Горан Минчев денес со почеток во 14:00 часот, во големата сала на општина Охрид ќе одржат средба со охриѓани.
– Ќе се одржи средба со раководството на Општинската организација Охрид на Движење ЗНАМ За Наша Македонија, Клубот на жени, Клубот на млади, членови, симпатизери и сите заинтересирани граѓани, информираат од партијата.
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија започнува со средби со граѓаните, членовите и симпатизерите со кампањата „Заедно повеќе знаеме“. во следните 60 дена партиското раководство, сите избрани и именувани функционери од Движењето ЗНАМ-За Наша Македонија ќе ги посетат сите општини во Македонија и ќе одржат средби со членовите, симпатизерите и граѓани. Целта е директно да се запознаат со проблемите на граѓаните, но и да се слушнат нивните предлози, сугестии и мислења, кои ќе послужат за креирање на програмата за претстојните локални избори. Движењето ЗНАМ-За Наша Македонија своите политики ги гради на транспарентен начин, демократски и во соработка со граѓаните. Во програмата на движењето ЗНАМ-За Наша Македонија за локалните избори главниот фокус ќе биде на решенија за подобар локален живот, урбанистички планови, инфраструктурни проекти и транспарентно управување со општинските буџети.
– На средбите, заедно со граѓаните ќе извршиме соодветна анализа, по што ќе следува и идентификација на квалитетни кадри (кандидати за градоначалници и кандидати за советници) кои можат да направат вистинска разлика на локално ниво, велат од партиското раководство.