Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне кога нестабилно ќе биде на повеќе места, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 15 до 27 степени Целзиусови, UV индексот ќе има вредност 6.
Денес и утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, повремено како локално невреме со пообилен пороен дожд. Од недела ќе има повеќе сончеви периоди и ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Најсвежо преку денот ќе биде денес и во сабота, а потоа температурите постепено ќе се покачуваат, се додава во соопштението од УХМР.