УХМР
Денес променливо облачно и посвежо
Денес во Охрид температурите од 11 до 20 степени Целзиусови.

Променливо облачно со сончеви преиоди, свежо и ветровито. Во западните планинските региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието повремено силен северен ветер со брзина од 60 km/h.
Денес во Охрид температурите од 11 до 20 степени Целзиусови.
До крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и свежо време со ниски утрински температури. Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота повторно се очекуваат врнежи од дожд, локално пообилни.




