Денес променливо облачно време со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе надминува брзина од 60 km/h.
Денес во Охрид минималните температури од 11, а максималните до 23 степени Целзиусови.
Од УХМР најавуваат дека до крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град, особено во четврток и во сабота. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, кој утре во западните делови повремено ќе достигнува брзина од 60 km/h.




