
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа во источните делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Денес ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, наместа во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Утре ќе има повремен локален дожд, а од вторник времето ќе биде стабилно, претежно сончево со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст, информираат од УХМР.
Температурите во Охрид денес ќе бидат во интервал од 6 до 18 степени Целзиусови.