Денес променливо облачно, претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец.
Денес во Охрид минималните температури од 5, а максималните до 12 степени Целзиусови.