Skip to main content

УХМР

Денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Денес во Охрид минималните температури од 4, а максималните до 11 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Денес во Охрид минималните температури од 4, а максималните до 11 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека во следните неколку денови ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места ќе има услови врнежите да поминуваат во снег. Во среда и во четврток ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен правец, а од петок ќе дува северен ветер. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.