Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (10 до 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 7 до 17 степени Целзиусови.
Од УХМР информираат дека во петок и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има изолирана појава на пороен дожд. Од недела следува период на претежно стабилно и топло време со значителен пораст на дневните температури.
Фото: Ѓоко Симјаноски