Skip to main content

УХМР

Денес променливо облачно со сончеви периоди

Температурите во Охрид денес ќе бидат во интервал од 10 до 21 степен Целзиусов.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Од УХМР информираат дека до петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло.

Температурите во Охрид денес ќе бидат во интервал од 10 до 21 степен Целзиусов.