Skip to main content

УХМР

Денес променливо облачно со сончеви периоди, утре значително поладно

Денешните температури во Охрид од 5 до 20 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 
Плажа Лабино

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Денешните температури во Охрид од 5 до 20 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека под влијание на влажен бран, денес кон крајот на денот, во текот на ноќта кон петок и во петок најпрвин во западните, а потоа и во останатите делови, ќе има обилни врнежи од дожд (над 30л/м2). На повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Утре ќе дува умерен до засилен југоисточен, а во петок северен ветер (над 60км/ч), особено вдолж Повардарието. Дневните температури значително ќе опаднат. Во деновите од викендот и во понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневните температури повторно ќе бидат во пораст.