Skip to main content

УХМР

Денес променливо облачно со сончеви периоди, во текот на ноќта локални врнежи од дожд

Температурите во Охрид од 10 до 18 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, утре попладне и во петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни утре кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето, информираат од УХМР.

Температурите во Охрид од 10 до 18 степени Целзиусови.