Skip to main content

Денес променливо облачно, викендов не очекува врнежливо време

Во Охрид температурите ќе се движат од -1 до 9 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре попладне, во текот на ноќта и во недела под влијание на влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините, а во недела и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Во недела попладне и во понеделник ќе дува засилен северен ветер.

Во Охрид температурите ќе се движат од -1 до 9 степени Целзиусови.