Skip to main content

Денес се одбележува Први Мај, меѓународниот ден на трудот

Денес се одбележува Први Мај, меѓународниот ден на трудот и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Најатрактивната туристичка дестинација Охрид, преполн со домашни и странски гости.

 |  Николоска Биљана  | 

Во Македонија денес се одбележува Меѓународниот ден на трудот 1 ви Мај. Овој ден традиционално во светот се прославува во чест и сеќавање на борбата на работниците за унапредување на нивните права. Од Регионалниот синдикален совет на Охрид најавија дека денешниот ден ќе го прослават работно, со продолжување на разговорите за зголемување на минималната плата во земјава. Драган Цветкоски честитајќи го денешниот ден потсети дека историската традиција и борба на работниците за достоинствен труд треба да продолжи.

„Работничките права по однос на законските норми одредби и колоективните договори не можеме да кажеме дека се остваруваат 100%, имаме пропусти од страна на работодавачите но регионалниот синдикален совет презема активности во заштита на нивните права. Посебно можам да нагласам дека се кршат правата во делот на прекувремената работа, тука имаме злоупотреби прекувремена работа и не исплаќање на дел од таа работа

Денеска, во 66 земји во светот официјално се одбележува Денот на трудот. Во нашата земја, први мај до 2006 година се славеше два дена, а од 2007 година неработен е само еден ден, 1 мај. Овој ден вообичаено е синоним за излет кога поголем дел од граѓаните ги посетуваат излетничките места и традиоционално палат скара. Сведоци сме дека минатите години во населбата Св Стефан или попознато меѓу народот како Синдикални, вриеше од народ како во кошница, а како беше годинава, за тоа повеќе од се зборува сликата што ја регистрира нашата камера……
Додека пак во Охридската чаршија, на Кејот Македонија и пешачката патека кај каналот Студенчишта имаше голема раздвиженост. Бројни беа домашните гости, групите од блискиот исток, но и туристи од нашето опкружување, Србија, Бугарија, Албанија, Грција. Луѓето кои ги анкетиравме, не само што го искористиле продолжениот викенд да одморат од секојдневните обврски, дел од нив специјално за први мај го посетиле туристичкиот бисер.
На денешниот празник белег на синдикална битка со марш за правата на работниците ќе дадат синдикатите и задруженијата од „Повелбата за солидарност” заедно со исклучените гранкови синдикати од Сојузот на синдикати на Македонија. Под мотото „Само сложни ќе бидеме можни“ тие сакаат да испратат порака до надлежните да работат во интерес на работниците и да се борат за подобар стандард и поголеми права.