Skip to main content

православен календар

Денес се празнува Свети Василиј Велики

МПЦ и нејзините верници го слават Свети Василиј Велики. 14-ти јануари (први јануари според стариот календар) е празник на Свети Василиј.
 |  инфодеск  |  ,
Свети Василиј

На 1 јануари според стариот, односно 14 јануари според новиот календар, христијанските верници празнуваат три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Се упокоил на овој ден во 379 година.

Именден на овој ден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове, Новка.

Традицијата за Василица во Македонија се негува со векови. Пример за тоа е Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на паганството, а другиот на христијанството.