Skip to main content

Црвен крст Охрид

Денес ќе се одржи уникатниот спортски настан „Штафетно нуркање за мир“ во организација на Црвен Крст Охрид

Како специјален гостин се очекува човекот „амфибија“, 72 годишниот Јане Петков од Сандански, Бугарија, кој своето учество во оваа подводна штафета за мир ќе го направи со нуркање на 25 м. со една рака врзана за телото.
 |  инфодеск  | 

Денес во 13 часот, на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид, а во рамки на овогодинешното издание на Фестивалот на водени спортови Ohrid Water Festival 2026, Црвен крст Охрид го најавува одржување на меѓународен настан ШТАФЕТНО НУРКАЊЕ ЗА МИР, (пливање под вода-нуркање на здив) во должина од 25 м.

Како специјален гостин се очекува човекот „амфибија“, 72 годишниот Јане Петков од Сандански, Бугарија, кој своето учество во оваа подводна штафета за мир ќе го направи со нуркање на 25 м. со една рака врзана за телото.

Овој уникатен спортски настан во вода, ШТАФЕТНО НУРКАЊЕ ЗА МИР, организаторите се надеваат дека ќе биде инспирација и мотивација за младите и возрасните со спортски дела да ги промовираат здравите животни навики и да бидат гласот на разумот.