Skip to main content

УХМР

Денес сончево и максимални температури до 30 степени Целзиусови

Денес температурите во Охрид во интервал од 12 до 30 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Денес температурите во Охрид во интервал од 12 до 30 степени Целзиусови.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надмине 40°C, велат од УХМР. Во нивното соопштение додаваат дека во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.