Skip to main content

Денес сончево и многу топло, попладне можно невреме

Денес во Охрид минималните температури од 17, а максималните до 33 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.

Денес во Охрид минималните температури од 17, а максималните до 33 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде малку посвежо, а во деновите потоа температурата повторно ќе биде во пораст.