Денес сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. UV индексот ќе биде 9.
До средината на следната седмица во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање, велат од УХМР.
Во Охрид минималната температура 19 степени, а максималната ќе биде 34 степени.