Skip to main content

ухмр

Денес сончево, од утре врнежи од дожд

Температурите во Охрид во интервал од 0 до 10 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 
мало пристаниште
hdr

Претпладне ќе има услови за појава на магла по котлините, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Од утре попладне под влијание на циклонска активност ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во сабота поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), па на планините снежната покривка позначително ќе се зголеми. Помала снежна покривка се очекува и во некои од пониските места. Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а од понеделник се очекуваат нови врнежи претежно од снег, информираат од УХМР.

Температурите во Охрид во интервал од 0 до 10 степени Целзиусови.