Skip to main content

УХМР

Денес сончево со мала до умерена локална облачност

Денес во Охрид минималните температури од -1, а максималните до 6 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Од УХМР информираат дека до петок ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по котлините. Температурите ќе бидат во постепен благ пораст. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.

Денес во Охрид минималните температури од -1, а максималните до 6 степени Целзиусови.