Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи.
Температурите во Охрид ќе се движат во интевал од 15 до 28 степени Целзиусови.
Следува период на променливо облачно време со локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.