Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Минималните температури од 0, а максималните до 9 степени Целзиусови.
Утре ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност со услови за повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.