Skip to main content

Денес е Велики петок – Христово распнување

Денеска е Велики петок најтешкиот и најтажен ден во годината според христијанската религија, бидејќи на овој ден Исус Христос бил распнат. Според верувања во христијанството, на овој ден не треба да се работи, не се готви и е строг пост.

 |  Николоска Биљана  | 
raspetie
распетие

simidzieskiНа Велики петок се оди во црква, каде се оставаат дарови на Христовото Распетие, а според обичаите, секој што тука остава цвеќе зема друго и го носи дома за здравје. На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос, со тоа што платното наречено „Плаштаница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус, вели отец Љупчо Симиџиески.

„Наша света должност е длабоко да ги цениме страдањата Христови,  да сострадуваме со него секогаш а особено во овие празнични денови пред самото Христово воскресение. Темел на нашата вера е светото Христово воскресение но секогаш да имаме во предвид дека Христос страда за целиот човечки род. Света должност е на секој еден православен христијанин да дојде на велики петок да се поклини пред светата „Плаштаница“, да помини под неа да го види ликот на спасителот Господ Исус Христот како го симнуваат од крстот и како се полага во гроб“– вели отец Симиџиески.

perivleptaВелигденскиот пост трае 7 недели. Првата недала почнувајќи од чист понеделник луѓето масовно се причестуваат и понатака продолжуваат со постот заклучно со оваа седмата страдална недела, вели отец Симиџиески.

„Најповеќе се причестуваат на самиот ден Велигден исто така и на Велики четврток кога е востановена самата света тајна причесна. Во последниве години се забележува дека верниците имаат духовници значи се исповедаат кај своите духовни оци, и нормално со благослов од Бога тие се приечстуваат во текот на постите во текот на постите пред сите недели и празници. Така да светата причест е најдоброт нешто за самиот човек за спасение како телесно така и духовно“ – објаснува отец Симиџиески.

Христос починал на крстот во “шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале”. Оттогаш, на Велики петок бијат дрвени ѕвона, а камбаните не ѕвонат се до недела, кога за првпат ќе ја огласат радоста на Христовото воскресение. Православниот канон за Велики петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.

{laodposition content9}