Охрид Мол викендов ќе биде исполнет со вино, музика и позитивна енергија преку тридневниот настан „Винска приказна“, кој ќе се одржува од петок до недела.
Официјалното отворање е предвидено за денес, петок, 28 ноември, во 18 часот. Веднаш потоа, во 18:30, ќе биде реализирана работилница за млади и деца, а во 20 часот посетителите ќе можат да го проследат настапот на КУД „Ѓердан од бисери“.
Утре, сабота, 29 ноември, ќе има научен и едукативен дел. Во 12 часот ќе започне интерактивната театарска претстава „Гроздот Гроздко“, а во 13 часот е планиран едукативен дел со презентација. Во 14:30 ќе биде одржано предавањето „Виното како двигател на туризмот“. Школата за вино – Едукативна и интерактивна работилница за винска култура ќе започне во 14:30 часот. Вечерта, во 19 часот, посетителите и љубителите на вино ќе уживаат во настапот на Охридскиот Камерен Оркестар, а во 20 часот ќе можат да уживаат во ДЈ сесија со Јана Слеј.
Насмевки и вино на третиот ден, недела, 30 ноември. Денот ќе започне во 11:30 часот со Хуманитарната акција на Охрид мол – мали гестови за големи насмевки, а во 12 часот ќе биде извлечен среќниот добитник на Пежо 208. Во 12:30 ќе биде отворен изложбата, а во 13 часот посетителите ќе уживаат во винската дегустација и презентацијата на винарии. Во 13:20 е предвиден музичко-уметничкиот перформанс на МЦ Охрид.
Инаку, во рамки на Винската приказна, ќе биде одржана и хуманитарната акција „Купи чаша и донирај“.